Концерт на Дуке Бојаџиев во Велес

Од:

Македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев синоќа одржа концерт насловен „Сон. Верба. Љубов“ во новиот Народен театар „ЈХК Џинот“ во Велес, во рамки на манифестацијата „Велес-град на културата“.

На концертот покрај Дуке Бојаџиев на пијано, настапија Исмаил Лумановски на кларинет и актерот Васил Зафирчев како наратор.

„Сон. Верба. Љубов“ е длабоко емотивно звуковно патешествие до срцевината на нашата традиција и културна разноликост. Комбинација на авторска, филмска музика и изворно македонско творештво.

Спој на композиции кои Бојаџиев ги создал за филмовите „До Балчак“, „Сенки“ и „Војната заврши“, композиции од неговиот албум „Љубовта е патот“, елементи од турската, ромската и албанската музика, кои авторот ги соединува во една автентична целина со современ пристап, збогатена со суфистичката поезија на големиот поет и филозоф од 13. век, Џелалудин Мевљана Руми.

Фото:МИА

Би можело да ве интересира

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Македонска филхармонија гостува во Дубровник

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ