Сенаторот Ранд Пол „во трка“ со третиот Буш

Од:

Американскиот сенатор Ранд Пол изјави дека одлуката за тоа дали идната година ќе учествува на претседателските избори, ќе ја објави во март или април.

Синот на поранешниот претседателски кандидат Рон Пол по говорот во Лујвил рече дека се приближува кон конечната одлука , додека „Асошиејтед прес“ наведе дека се укажува на тоа дека тој покренува кампања.

Според наводите тој идниот месец ќе бара Републиканската партија во Кентаки, да ги смени прописите за избор на претседателскиот кандидат, така што може да се кандидира и за Белата куќа и за реизбор во Сенатот.

Инаку тој како и неговиот татко Рон Пол е претставник на либератријанското крило помеѓу републиканците, но за повеќето општествени прашања е поконзервативен од својот татко.

Со своите изјави често оди против републиканците, така што и покрај поддршката од десното крило не му даваат преголеми шанси за успех на патот до Белата куќа.

Меѓу демократите за номинација најголеми шанси и се даваат на поранешната прва дама и државна секретарка, Хилари Клинтон, додека анкетите покажуваат дека помеѓу републиканците најдобро место зазема синот и братот на поранешните претседатели, Џеб Буш.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ