Надворешната воена закана изгледа се пореално за Русија, покажува анкета

Од:

Надворешната воена закана изгледа се пореално за луѓето во Русија, додека според две третини од граѓаните таа реално постои, покажува истражувањето на социолошкиот центар ВЦИОМ.

Русија е загрозена од надворешни сили според 68 отсто од ученсиците во анкетата, спроведена минатиот месец. Пред една година така сметале 52 проценти од Русите, а во 2000 година 49 отсто.

Сомнежи за постоење на надворешна закана за Русија имаат 28 отсто од испитаниците, наспорти 42 проценти во 2014 година.

Анкетата покажува и раст на бројот на позитивни оценки за состојбата на руската армија. Така 49 отсто веруваат во руската армија, наспроти 24 проценти пред една година и 14 отсто во 2009 година.

За поголема армија сега се залагаат 40 проценти од анкетираните, споредено со 30 отсто во 2014 година, што е најголем процент од како се спроведува истражувањето. Околу 42 отсто сметаат дека нема потреба од зголемување на армијата, додека само седум проценти се против тоа.

Вкупно 47 проценти од Русите би сакале да го видат својот син, брат, споруг или роднина во вооружените сили на Русија. Исто толку испитаници не сакаат нивни блиски да служат во армијата на Руската федерација. Шест проценти не даваат одговор.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска