Ѓорческа повторно запрена од Романката Бузеан

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа (4. носител) повторно е поразен од Романката Диана Бузеан (6.носител). Таа денеска загуби на фјучрсот во Анталија со 2:1 во сетови во меч од четвртфиналето. Ова за Ѓорческа е трет пораз од Бузеан и сите три ги има претрпено на турнири во Анталија и сите во четвртфинале.

Првиот сет и припадна на македонската тенисерка која беше подобра во тај брекот со 7:4 и сетот го доби со 7:6 во гемови. Во следните два Бузеан беше поуспешна со 6:2 и 6:3 во гемови. Во овој долг меч беа одиграни вкупно 214 поени (112:102 за Бузеан).

Ѓорческа денеска треба да одигра уште еден меч во конкуренција на двојки во полуфиналето со Ленка Виенерова од Чешка ќе играат против турско-италијанската комбинација Башак Ерајдин – Верена Мелис.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен