Над 40 лица се повредени утринава во пожар во голема станбена зграда во источниот холандски град Најмеген, соопшти локалниот окружен кризен центар.
Нема информации за жртви, но малку пред 8 часот по локално време се урнал дел од покривот на зградата, јави локалната телевизија Ен-О-Ес.
Кризниот центар во Јужен Хелдрлант на својот „Твитер“ профил објави дека според најновите информации има четворица тешко повредени, а шестмина се пренесени во болница.
Во зградата живеат над 100 лица, во најголем дел возразни, кои се брзо евакуирани.
Според очевидци пожарот е изгаснат, а регионот изолиран. На местото на несреќата се уште има пожарникари и амбулантни возила.