МИТ: Џихадистите планираат напади во Турција и во земји од ЕУ

Од:

Припадници на џихадистичката група Исламска држава се инфилтрирале на територијата на Турција и планираат напади врз странски дипломатски мисии во Анкара и Истанбул, објавија турските медиуми, повкувајќи се на информации на турската Национална разузнувачка организаиција (МИТ).

Според истите извори, дел од овие екстремисти, меѓу кои има Сиријци и Палестинци, планираат да се префрлат на територија на Бугарија и потоа од таму да заминат во други држави на ЕУ за да извршуваат терористички напади.

Според „Хуриет“, откако ИД не успеа да го заземе сирискиот град Кобане, околу 3.000 нејзини припадници се обидуваат да влезат во Турција од Сирија и Ирак.

Се стравува дека некои од овие екстремисти, меѓу кои и команданти што ги планираат нападите, веќе влегел во Турција, наведува весникот.

Според сознанијата на МИТ, експертите на екстремистите за самоубиствени и бомбашки напади подготвуват терористички акции врз мисииите на земјите вклучени во меѓународната коалиција против ИД во Истанбул и Анкара.

Медиумите наведуваат дека турската полиција одбила да ги коментира ваквите тврдења, а раководството на МИТ „не било достапно за коментар“.

Би можело да ве интересира

Ердоган го одобри влезот на Шведска во НАТО, предлогот оди во турскиот парламент

Инфлацијата во Турција се искачи на речиси 79 отсто

Светските власти остро реагираат на турскиот напад врз Сирија

Крвави избори во Турција

Доживотен затвор за Ахмет Алтан и уште пет новинари во Турција

Кристијан Ландов

Во Турција приведени 18 лица за вчерашниот напад во Измир

Емир Латифовиќ