Во Хрватска ќе се гради космодром

Од:

Хрватска наскоро ќе се здобие со првиот космодром и со база за производство на компоненти за системи за лансирање сателити. Тоа го соопшти швајцарската фирма Суис Спејс Системс која веќе отвори филијала во Хрватска.

Компанијата соопшти дека со работењето ќе обезбеди многу нови работни места за изградба на космодромот што треба да биде завршен до 2020 година.

Предвидено е космодоромот да се користи за лансирање сателити и за суборбитални патнички летови. Освен производствена дејност хрватската филијала во соработка со локални универзитети и центри за истражување ќе игра важна улога во тестирањето аеровселенски технологии во областа на мали сателити.

– Освен тоа предвидено е и формирање хрватска вселенска агенција, наведува Слаѓан Зовко директор на хрватската филијала на Суис Спејс Системс.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег