Во Приштина средба Јоханес Хан – Атифете Јахјага

Од:

Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан разговараше денеска во Приштина со косовската претседателка Атифете Јахјага и притоа го истакна значењето на реформите и дијалогот Белград-Приштина.

Хан оцени дека продолжувањето на дијалогот Белград и Приштина посебно е значаен бидејќи ќе помогне за нормализација на односите, а дека ангажирањето на внатрешните реформи е важно за зачувување на стабилноста на Косово, соопшти кабинетот на Јахјага.

Според Хан, либерализацијата на визниот режим со ЕУ нема никаква врска со илегалната имиграција, а процесот на исполнување на критериумите за либерализација ќе продолжи.

Јахјага истакнала дека косовските институции се ангажирани на спроведувањето реформи по европска агенда, напоменувајќи дека Косово има потреба за поддршка од ЕУ, посебно кога станува збор за Договорот за стабилизација и асоцијација.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ