Тачи го обвинува Брисел за одложување на визната либерализација

Од:

Косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи, оцени синоќа оти е неправедно одложувањето на визната либерализација за граѓаните на Косово.

Тој за приштинската телевизија „Кохавижн“, рече дека Брисел и неколку земји кои не ја признаваат независноста на Косово прават процесот за визна либерализација да се одложува.

Според него, граѓаните на Косово заслужуваат либерализација на визниот режим, а владата во Приштина ги исполни сите критериуми кои Брисел ги бараше.

– Брисел задоцни со Косово. Тоа е дефинитивно политичка одлука и неправедна одлука на Брисел во однос на Косово, поради пет земји кои не ја признаа независноста, рече Тачи.

Тој не сакаше да говори за конкретен датум за визна либерализација, додавајќи оти е можно тоа да се случи во текот на оваа година.

– Не сум сигурен, не можам да изнесувам датуми. Тоа сега никој не може да го каже, но се надевам оти процесот може да заврши во текот на оваа година, рече Тачи.

Приштинските медиуми претходно пренесоа дека косовски и европски претставници се скептични кога станува збор за визна либерализација.

Шефот на ЕУЛЕКС Габриеле Меучи оцени дека појавата на масовна илегална имиграција од Косово нема да има позитивно влијание кога ќе се даваат проценки во врска со либерализација на визите.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска