Туристичка прошетка со тенк – нов адут на хрватскиот туризам

Од:

Здружението за тенкисти од Задар очекува деновие да заврши постапката за регистрација на нивната фирма за услужни дејности, која ќе им овозможи да организираат прошетки на туристи со тенкови, објави весникот „Задарски лист“.

Задружениото нагласува дека целта на оваа иницијатива е да им се овзможи на неговите членови да се занимаваат со претприемаштво, да се обезбеди вработување на дел од ветераните од војната во 90-те години на минатиот век и да се оствари добивка од бизнисот.

Според Бранко Мориќ, Здружението ќе се обиде да обзбеди расходувани тенкови на Хрватската војска, а не е исклучена ни можноста за увоз на оклопни возила од странство.

Како најпогодни локации за изградба на „туристичко-воениот камп“ заедно со придружните содржини, се одбрани неколку објекти во областите околу Слуњ, Карловац и Книн, но членовите на Здржението сепак преферират нивната „база“ да биде во Равни Котари, првенствно поради близината на морето до ова подрачје.

Според Мориќ, како основачи на фирмата, која ќе дејствува на територијата на цела Хрватска, ќе се јават неколкумина поранешни тенкисти од Задар и Сињ, а нејзиното седиштето ќе биде во Загреб.

– Целта на овој проект е да се направи една профитабилна компанија, која ќе ги вработува бранителите и ќе носи приход. Сметаме дека возењето туристи со тенкови би можело да стане нов вид воен туризам, што на државата би и донело корист, а на бранителите работа, изјави Мориќ за „Задарски лист“.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег