Курдите бараат конкретни чекори од Турција за напредок во мировниот процес

Од:

Курдските бунтовници побараа конкретни чекори од турските власти за да може да дојде до придвижување на мировниот процес и притоа предупредија дека во спротивен случај тој ќе има несигурна иднина, пренесоа британските медиуми.

„Нашето движење е во фазата на сериозно и критично премислување и разгледување на нови решенија“, информира политичкото крило на Курдската работничка партија (ПКК) – Унија на курдски општини, во соопштението лиферувано на интернет.

„Владеjачката Партија на правдата и развојот треба да направи конкретни чекори. Инаку, мировниот процес се наоѓа во многу критична и опасна етапа и наближува неговото завршување“, посочува уште организацијата.

Турската Влада во 2012 година ги почна мировните преговори со лидерот на ПКК, Абдула Оџалан, кој во затвор на островот Имрала изддржува доживотна затворска казна, во обид да ја заврши триесетгодишната борба, во која загинаа 40.000 лица. 

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ