Општина Дојран ги повика граѓаните на возраст од 15 до 24 години да направат интересни фотографии од Дојранското Езеро и да учествуваат на конкурсот за меѓународниот фото натпревар на „Рамсар“, кој е отворен до 2-ри март.
Натпреварот има цел преку фотографија да ги промовора убавините и да ги лоцира критичните точки за заштита на водените површини кои се витални за нашиот опстанок, претставуваат нишки на биолошкиот диверзитет, важни се за апсорбирање на јаглеродот и токму од нив зависи опстанокот на безброј растенија и животни
Дојранското Езеро се вбројува меѓу заштитените подрачја со рамсарската конвенција од 1971 година која претставува меѓународен договор за заштита на водените површини на Земјата поради загриженоста за деградацијата и големата загуба на водените површини кои се живеалишта на птици преселници.