Наредба за апсење на поранешен американски дипломат во Атина за шпионажа

Од:

Грчките истражни органи издале наредба за апсење на поранешен службеник во американската Амбасада, на кого му е покренато обвинение за шпионажа, пренесе радио Атина.

Наредбата за апсење се однесува на 65-годишниот поранешен службеник во амбасадата на САД во Атина, (со иницијали W.B.), за кого се смета дека е главниот лик во големиот скандал со прислушување на телефоните на поранешниот грчки конзервативен премиер Костас Караманлис и на други лица.

Според грчкиот печат, прислушувањата почнале пред Олимписките игри, во летото 2004 година. Телефоните на неколку министри од кабинетот на Костас Караманлис, меѓу кои и на грчкиот премиер, биле незаконски прислушкувани до март 2005 година.

Во тој период се претпоставуваше дека зад незаконските прислушкувања стоело „непознато лице, кое користело висока технологија“.

Освен премиерот, непознатиот извршител, исто така, ги прислушувал телефоните на неколку членови на неговата Влада и на претставници на опозицијата.

Непознатите извршители прислушувале речиси 100 лица, а капацитетот на системот што го создале дозволувал да се прислушкуваат разговорите на илјадници мобилни телефони.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит