Сакеларидис: Грчката Влада не може да се уценува со ултиматуми

Од:

Грчката Влада не може да се уценува со ултиматуми, изјави портпаролот на Владата Гаврил Сакеларидис, коментирајќи го вчерашниот состанок на Еврогрупата.

Според него, притисокот за она што ќе се случи следно е и на другата страна, јави дописникот на МИА од Атина.

– Притисокот во моментов не е само на грчка страна. Другата страна исто така е под стрес и вознемирени се за тоа што ќе се случи. Ние сме сигурни во себе. Нема блеф на маса, ние не играме покер, изјави Сакеларидис за телевизијата Мега.

Тој нагласи дека на Грција никој нема да и поставува ултиматуми и да ја уценува, а во врска со преговорите рече дека целта на грчката Влада е „посветеност на постигнување взаемно корисен договор“ за кој двете страни мора да се сложат.

Сакеларидис сепак увери дека контактите и консултациите ќе продолжат со цел итно да се најде решение, затоа што не е во ничиј интерес ваквите преговори да траат многу долго.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит