Борачките легенди Ибрагимов и Насев во Агенцијата за млади и спорт

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска се сретна со Могамед Ибрагимов, кој на Летните Олимписки Игри во 2000. година ја претставуваше Република Македонија и го освои третото место во борење во слободен стил во категорија до 85 килограми. Со тоа стана првиот, и засега единствениот медалист за Македонија како независна држава.

На средбата како што соопштија од Агенцијата за млади и спорт, присуствувал и Насе Насев, поранешен борач и тренер на БК „Спартак“ – Кочани, долгогодишен селектор на Македонската репрезентација во борење – слободен стил, долгогодишен инструктор на ФИЛА и директор на голем број светски семинари. Како спортски директор и под негово раководство, Ибрагимов го освои единствениот олимписки медал од осамостојувањето на Република Македонија.

На средбата, се разговарало за развојот на македонското борење и насоките по кои треба да се движи Република Македонија во делот на борењето. Соговорниците констатирале дека Македонија претставува уникатен пример за расадник за млади борачи и дека таа ситуација мора да биде искористена за земјава да се врати на старите патеки.

Инаку, двајцата великани на македонското борење се одликувани од Република Македонија за своите резултати. Ибрагимов е носител на највисокото спортско признание, популарно наречено Спортска пензија, додека, пак, Насев е првиот спортски работник, кој ја доби државната награда за животно дело во областа на спортот “8-ми Септември”, откако таа беше востановена во 2012 година.

Би можело да ве интересира

Промовирани монографијата и документарниот филм „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“

Ана Ололовска

Промоција на монографија и документарец „Македонскиот сон: „Ние сме светски шампиони“ посветени на БК „Бучим- Јака“

Ана Ололовска

Утре во Струмица почнува 45. издание на боречкиот турнир „Македонски бисер“

Ана Ололовска

Македонските репрезентативци во граплинг четврти на турнир во Србија

Ана Ололовска

Љуљзим Вранези добитник на наградата „8. Септември“ за животно дело

Ана Ололовска

Велес ќе биде домаќин на Меѓународен турнир во мешани боречки спортови ММА

Ана Ололовска