Давутоглу: Во Турција почнува масовна кампања против насилство врз жените

Од:

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека во Турција почнува широка кампања против насилството врз жените, соопшти турскиот весник на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.

Давутоглу вчера одржа говор на конгресот на жените од владеjачката Партија на правдата и развојот (АКП) во Анталија. Тој зборуваше по повод убиството на студентката Јозгеџан Аслан во градот Тарсус, во округот Мерсин, во јужна Турција.

– Со Вас тука да ја почнеме капањата. Јас и мојата сопруга почнуваме широка кампања против насилството врз жените. Ве повикувам заедно со вашите сопрузи да се приклучите кон оваа иницијатива, рече Давутоглу.

Тој на жените од неговата партија им вети дека ќе направи се што е неопходно за спречување на кривичните дела какво што беше убиството на студентката.

– Уште веднаш го осудивме ладнокрвното убиство. Денеска во Анталија отворивме центар за млади луѓе и ќе го наречеме според името на Јозгеџан Аслан, соопшти премиерот.

Во меѓувреме претседателот на турскиот Парламент Џемил Чичек телефонски разговараше со таткото на убиеното децојче Мехмет Аслан и притоа му вети дека ќе ги следи истрагата и процесот против осомничените до самиот нивни судски епилог.

Телото на 20-годишната студентка Аслан, пред три дена, беше пронајдено изгорено во шумска месност во реонот на градот Тарсус. Аслан, која била студентка по психологија,исчезнала два дена претходно. Нејзините родители веднаш, на 11 февруари, се јавиле во полиција да го пријават исчезнувањето, бидејќии таа не се вратила дома и не можеле телефонски да ја добијат.

На 12 февруари жандармеријата направила проверка на еден минибус, што бил користен како такси. При претресот на минибусот биле откриени траги од крв и шапка. Откако таткото на девојчето ја препознал шапката, 26-годишниот возач на минибусот, неговиот 50-годишен татко и уште еден 20-годишник биле приведени.

За време на распитот се дознало дека откако сите патници во минибусот слегле од возилото и во него останала само Аслан, 26-годишниот возач решил да ја промени маршрутата и девојчето го одвезол на непознато место, каде се обидел да го силува. Откако девојката му дала отпор и врз напаѓачот употребила солзавец, тој неколку пати ја избодел со нож и ја удирил со железна шишка, што довело до нејзината смрт. Тој и ги откинал  прстите, по што телото и го сокрил во минибусот и си заминал дома.

Возачото ги замолил својот татко и 20-годишникот за помош. Тројцата го изгореле телото и потоа го фрлиле во шумската месност.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ