Ципрас утре ќе соопшти кого ќе кандидира за претседател на Грција

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас утре ќе го објави името на кандидатот кој ќе го предложи за претседател на Грција, на состанокот на парламентарната група на Сириза.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, пратениците во среда ќе гласаат за нов грчки претседател.

Во меѓувреме, портпаролот на грчката Влада Гаврил Сакеларидис информира дека Ципрас и вчера разговарал со функционери од грчката Влада и претставници на ЕУ. Во попладневните часови, тој телефонски разговарал и со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Висок претставник на Комисијата, коментирајќи го телефонскиот разговор, изјавил дека Јункер „прави последни напори во екстремно тешка ситуација“. Според истиот извор, надежите за постигнување договор на денешниот состанок на Еврогрупата не се високи, со оглед на тоа што грчката Влада има различни ставови во однос на другите партнери кои ќе присуствуваат на состанокот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит