Харадинај остана со помалку пратеници од Листа српска

Од:

Пратеничката група на Алијасата за иднината на Косово, на Рамуш Харадинај, откако ја напуштија двајца пратеници, остана бројчано помала споредено со Листа српска,која има десет пратеници.

Партијата на Харадинај сега има девет пратеници при што дел од нив се роднински поврзани, како што се Рамуш Харадинај, Даут Харадинај и Лахи Брахимај.

Според порталот Албеу, партијата ја напуштила и Мелихате Термокли, која беше избрана за пратеник на последните избори на изборната листа на Алијансата за иднината на Косово, а најава за заминување од партијата има уште на најмалку двајца пратеници.

Најголема загуба за партијата е заминувањето од неа на Блерим Шаља, потпретседаел на партијата кој алијансата ја раководеше во најтешкиот период на партијата, кога лидерот Харадинај беше во Хаг или имаше забрана да се занимава со политички активности.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска