Илјадници Турци протестираа на годишнината од затворањеро на Абдула Оџалан

Од:

Илјадници Курди демонстрираа денеска во различни градови во Југоисточна Турција, на годишнината од затворањето на лидерот на курдските бунтовници Абдула Оџалан пред 16 години.

На одредени места дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Демонстрациите почнаа уште синоќа, кога приврзаници на курдската кауза излегоа на улиците на Шарнак и Дијабекир, градови со мнозинско курдско население, за да бараат ослободување на Оџалан од затвор.

Продавниците беа заклучени во знак на протест, а илјадници граѓани излегоа на улиците, каде носеа фотографии на Оџалан и скандираа пароли во негова поддршка.

Во Шарнак полицијата уапси 17 демонстранти.

Турските националисти сметаат, дека Оџалан, лидер на Курдската работничка партија (ПКК) е одговорен за смртта на десетици илјади луѓе во вооружената борба на организацијата со турската армија. За мнозинството од околу 15 милиони Курди, 65-годишниот курдски лидер е симбол на нивнта борба за поголеми културни и политички права.

Турската Влада во 2012 година почна преговори со Оџалан, кој е осуден на доживотен затвор. ПКК, која се смета за терористичка организација од ЕУ, САД и Турција, најпосле прогласи примирје и почна да се повлекува од Турција во кампови во Северен Ирак.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ