Една авторитрана и исламистичка влада денес ја замени авторитарната армија која со децении доминираше во Турција, оцени турскиот писател и добитник на Нобеловата награда за литература, Орхан Памук во интервју за АФП, чии делови пренесуваат турските медиуми.
– (Турската) владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) го руши балансот на силите, кој фактички е клуч на секоја демократија, нагласува Памук, додавајќи дека во Турција секојдневно се кршат човековите права и слободата на изразување.
Памук, кој живее во Њујорк каде предава на Униврзитетот „Колумбија“, вели дека при последната посета на Турција почуствувал „клима на страв“. – Луѓето шепотеа кога зборуваа, нагласува Нобеловецот.
Тој оценува дека со реформите што ги спорведе Владата на АКП, во Турција беше ограничена моќта на Армијата, но дека сега токму таа Влада отстапува од рефомите и ги поткопува човековите права и слободи и независноата на судството.