Зошто Албанците масовно го напуштаат Косово?

Од:

Масовните миграции на Албанците од Косово во државите на ЕУ, во последните шест месеци се организирани и разработени во детали, со цел косовските власти да избегнат социјални немири, пренесуваат приштинските медиуми, повикувајќи се на наводи на српските институции, но и на самите Албанци од Косово. Станува збор за 60.000 или 100.000 лица кои бараат азил во државите членки на Европската унија.

-На Косово животниот стандард е значително понизок во однос на Србија. Европа од властите се повеќе бара и нема да биде можно да купуваат мир така што не плаќаат струја, се занимаваат со шверц, пренесува српски Блиц.

Миграциите ги прифати средниот слој од населението, кој се повеќе е револтиран поради економската состојба. Некаде на есен на социјалните мрежи како вирус започнаа да се шират информации за можност за преселби во ЕУ-вели извор од српските служби. На интернет е презентирана информација дека Германија, Швајцарија и Франција ги отвориле своите врати за мигранти од Косово, а потоа започнаа да кружат приказни на Албанците кои веќе ги напуштиле своите огништа и дека во државите на ЕУ обезбедиле подобра иднина за своите деца.

И директорот на српската полиција Милорад Вељовиќ изјави дека се сомнева дека миграцијата е организирана, бидејќи кај бегалците е забележан ист износ на пари, а станува збор за лица со среден имотен статус. Како што пренесе српски „Блиц“, овие информации ги потврдиле и самите Албанци од Приштина.

-Неколку мои познаници го напуштија Косово иако не живееа на работ на сиромаштијата, туку едноставно сакаа подобар живот за себе. Доста им е од изолираноста, а доколку имаат работа и за неа беа слабо платени. Затоа ја користат можноста да заминат бидејќи не е комплицирано да се помине границата -вели Уран Хаха, од Косово, чии што браќа заминале од своите домови.

Тој додава дека доколку луѓето не си заминат, ќе започнат големи немири поради незадоволство.

-Не е лесно да се остави се и да се замине, да се испишат децата од училиште. Ја прашувам власта како да го оставам детето овде ако знам, дека нема да има работа и иднина. Имам работа овде, но немам плата од која можам да живеам. Ние ги немаме елементарните услови за живот и во тоа е поентата на приказната – вели Хаха, за „Блиц“.

Инаку како што се наведува во Приштина дури 18 проценти од населението живее во екстремна сиромаштија, а невработеноста е над 60 проценти.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска