Протест на турските ученици и професори против верското влијание во наставата

Од:

Стотици ученици и наставници ширум Турција денеска ја бојкотираа наставата во знак на протест заради се поголемите верски содржини во наставата, а полицијата во Измир употреби водени топови за да ги растера илјадниците демонстранти на протестниот марш, јавија западните агенции.

Американските медиуми пренесуваат дека најмалку 10 лица се уапсени во пет града низ Турција заради организирање на бојкотот.

Тие наведуваат дека во неколку града илјадници лица марширале носејќи транспаренти со натписи со кои се бара секуларен образовен систем во земјата, темелен на науката.

Некои ученици во текот на бојкотот посетувале музеи на науката или посетувале предавања.

Британските медиуми наведуваат дека бојкотот е организиран од синдикатот на наставници и здруженијата на малцинската алевитска заедница.

Следбениците на секуларните традиции во Турција тврдат дека претседателот Реџеп Таип Ердоган гради образовен систем нагласено фокусиран на исламското учење, за да ја оствари целта на одгледување „побожни генерации“, пренесуваат американските медиуми, додавајќи дека Владата во последните години ја ублажи забраната за носење шамии на глава и го зголеми бројот на верски училишта и часови.

Британските медиуми наведуваат дека делови од некои училишта се одземани за да се направи повеќе место за учениците на верските школи „Имам Хатип“, за кои се залага Ердоган, а во кои момчињата и девојчињата наставата ја следат одвоено.

Британските меидуми наведуваат дека во овие школи се запишани приближно милион ученици, во однос на 65.000 колку што ги имало во 2002 година кога Партијата на правдата и развојот на Ердоган дојде на власт.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ