Ердоган со критики до Обама

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати остри критики до американскиот претседател Барак Обама од Мексико, каде престојува во рамки на неговата турнеја низ Латинска Америка.

Причина за незадоволството е „недоволната реакција“ од страна на Обама по убиството на тројцата млади муслимани во Северна Каролина оваа недела, пишува турскиот весник „Хуриет““.

Тројцата студенти беа убиени во универзитетскиот кампус во Северна Каролина, а слабото вниманието на јавноста за случајот предизвика незадоволство кај муслиманската заедница.

– Доколу вие молчите пред такви случувања, тогаш и светот ќе молчи пред Вас, изјави Ердоган, обраќајќи му се на Обама на заедничката прес-конференција со неговиот мексикански колега Енрике Пења Нието.

– Каде си г-н претседател?, праша турскиот лидер, нагласувајќи оти ниту Обама, ниту американскиот државен секретар Џон Кери или потпретседателот Џо Бајден не дале никава изјава за оваа тема.

– Тие луѓе не се терористи, туку сириски муслимани, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ