Арт базар за празникот на виното и љубовта

Од:

По повод празниците Свети Трифун и Свети Валентин денеска и утре на Скопски саем ќе се одржи првиот Арт базар – Дизајн со љубов.

Настанот го организираат Скопски саем, Занаетчиска комора на Скопје и Македонската артизанска трговска асоцијација (МАТА).

Учествуваат автори на рачни изработки, креативци кои дизајнираат со љубов и создаваат широк спектар рачно изработени предмети од најразлични материјали, сребро (филигран), срма, дрво, стакло, восок, текстил, глина, бакар и друг вид на материјали за изработка на креативни дела.

Арт базар – Дизајн со љубов ќе има промотивен и продажен карактер и отворен е за широка публика. Влезот е слободен, а ќе биде отворен денеска од 12 до 19 часот, а утре од 11 до 19 часот.

Во рамките на Aрт базарот ќе има индивидуални презентации со цел овој вид уметност да се доближи и до пошироката публика.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8