Судански војници силувале 221 жена од село во западната област Дарфур, соопшти Хјума рајтс воч. Силувањето било извршено ви октомври за време на 36-часовна операција на армијата во селотот Табит.
Според очевидци, војниците оделе од куќа во куќа и силувале дури и девојчиња на возраст од 10 години.
Хјуман рајтс воч го повика Меѓународниот кривичен суд да се испита тој случај, а Советот за безбедност на ОН и Африканската унија да извршат притисок врз суданските власти за да биде извршена истрага и да се казнат одговорните.
Суданските власти не дозволуваат во селото да замине заедничка мисија на ОН и АУ.