Навивачите на турскиот тим Галатасарај уште еднаш предизвикаа инцидент на натпревар од кошаркарската Евролига.
Според новинарот Дејвид Пик, кој на својот твитер профил објави дека по завршувањето на дуелот Галатасарај – Макаби, тренерот на израелскиот тим Гај Гадес е удрен со тврд предмет во глава, по добил повреда и имал крварење.
Макаби го неизвесна завршница победи во продолжение до 97:94.
Инаку, турскиот тим исто така поради инцидент кога беше убиен навивач на Црвена Звезда, Марко Ивковиќ беше казнет со три натпревари да игра пред празни трибини и парична казна од 100.000 евра. Но, на првиот натпревар откако измина казната навивачите на Галатасарај направија нов инцидент.