Занесен во мобилниот пропуштил спектакуларна глетка

Од:

Можеби пишувал порака до болната мајка во болница, но сепак помислив дека е тажно што пропушта таков момент кој се случува на само половина метри од него.

Вака фотографот Ерик Смит ја прокоментира фотографијата објавена на неговиот профил на Инстаграм на која се гледа како еден маж седи на едилица загледан во својот мобилен телефон, додека покрај него минува голем кит.

– Китовите се појавија недалеку од плажата Редондо, а јас бев 50 метри од нив. Мажот за цело тоа време не го симнуваше погледот од мобилниот телефон. Двете жени кои беа со него на бродот ги фотографираа китовите, но тој не ги ни забележа, изјави Смит за Си-Би-Ес Њуз.

Овој настан, според Смит, е доказ дека иако мислиме оти она што го гледаме на нашите мобилни телефони е спектакуларно, всушност занесени во апартаите можно е да го пропуштиме најспектакуларниот настан во нашиот живот.

– Сите ние сме виновни што животите ги поминуваме гледајќи во мобилните телефони. Мислиме дека животот е подобар на нашите телефони, но го пропуштаме она што се случува околу нас, заклучи Смит.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ