Ал Каеда во Јемен соопшти дека четири лица, меѓу кои и еден од нејизните лидери, загинале во неодамнешниот напад на американско беспилотон летало во јужниот дел на земјата.
На Твитер е објавено дека шеик Нарис ал Надхари е убиен во нападот на 31 јануари во Ал Саид, провинцијата Шабуа. Нападот бил врз автомобил со кој патувал Ал Надхари заедно со уште три лица.
Ал Надхари имаше објавено видео-снимка во која го пофали терористичкиот напад врз редакцијата на францускиот сатиричен весник „Шарли ебдо“.