Постојат сосема разумни начини да покажете дека сте фан на одреден стрип, како што се маички со стрип ликовите или тетоважи.
Но, 37-годишниот Анри Дамон (37) од венецуелскиот главен град Каракас очигледно не припаѓа во групата луѓе кои ќе се задоволат со блуза или тетоважа.
Имено, тој како „запален“ фан на стриповите на Марвел, „Капетан Америка“, поточно на главниот негативец Ред Скул, својата опсесија ја подигна на сосема ново ниво.
Тој со помош на уметникот и експерт за модификација на телото Емилија Гонзалез, вградил имплантати на челото за да наликува на Ред Скуп, а недолго потоа решил и да се подложи на најекстремен хируршки зафат – отсекувње на дел од носот.
Гонзалез прво побарала Дамон да ги направи сите потребни лекарски прегледи за да биде сигурна дека може да почне со операцијата, но сепак, многумина се запрашаа дали тој прво не требало да посети психијатар.