Двајца Руси биле киднапирани во суданската провинција Дарфур, соопшти Амбасадата на Русија во Судан, дополнувајќи дека се преземаат мерки за нивното ослободување, пренесоа француските медиуми.
Портпаролот на руската Амбасада не откри детали за случајот, ниту посочи каде двајцата грабнати работеле, пред се, да не му се нанесе штета на процесот на нивно ослободување.
Според руските медиуми, двајцата биле вработени во руската авиокомпанија „ЈуТер“ и во Судан работеле според договорот со мисијата за поддршка на мирот на Африканската унија и ОН во Дарфур.