Најмалку четворица осомничени членови на Ал Каеда беа убиени денеска во напад врз американски беспилотен авион во Јемен, јави БТА.
Нападот е извршен една недела, откако САД ветија дека ќе ја продолжат кампањата против терористичката мрежа во оваа арапска држава и покрај хаосот, кој настана во неа поради нападите на шиитските бунтовници.
Според племенски извор леталото погодило во централната провинција Бајда автомобил во кој се наоѓале четворица осомничени членови на Ал Каеда.
Ова е трет напад во Јемен, откако американскиот претседател Барак Обама објави на 25 јануари дека планира да ја продолжи борбата против Ал Каеда во таа земја.