Индустриското производство лани зголемено за 4,8 проценти

Од:

Индустриското производство во 2014 година било за 4,8 проценти поголемо во однос на претходната 2103-та.

Според Државниот завод за статистика, индустриското производство во декември 2014 година било поголемо за 0,7 отсто во однос на декември 2013-та. Во секторот Рударство и вадење камен бележи опаѓање од 6,6 проценти, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 2, отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од пет проценти.

Во однос на главните индустриски групи, пораст е евидентиран кај Интермедијарни производи, освен енергија за осум отсто, Капитални производи за 47,1 и Трајни производи за широка потрошувачка за 16,9 проценти.

Опаѓање има кај групите Енергија за 12,2 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,2 процента.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто