Виена и официјално домаќин на Евровизија

Од:

Со симболично предавање на клучевите на виенскиот Градски совет, Виена денеска и официјално стана град-домаќин на Евровизија 2015 година.

Големиот клуч на виенскиот градоначалник, Михаел Хопл му го предадот претставниците на Копенхаген, минатогодишните организатори на Евровизија, Софи Хаестроп Андерсен и Ларс Вајс.

Од вчера и саат кулата која ги одбројува деновите до почетокот на Евровизија на 23 ма, го одбројува и преостанатото време до првото полуфинале на 19 мај.

Се одржа и жребување на полуфиналистите, со што 33 до 39 земји учеснички се распоредени во две полуфинални вечери. Австрија како домаќин и големата петорка која ја сочинуваат Франција, Италија, Германија, Шпанија и Велика Британија имаат сигурно место во финалето.

Во првото полуфинале на 19 мај за пласман во финале ќе се борат Македонија, Албанија, Ерменија, Белгија, Белорусија, Данска, Естонија, Финска, Грција, Грузија, Холандија, Унгарија, Молдавија, Романија, Русија и Србија.

Во втората полуфинална вечер на 21 мај ќе настапуваат претставниците од Азербејџан, Црна Гора, Чешка, Исланд, Ирска, Израел, Кипар, Летонија, Литванија, Малта, Норвешка, Полска, Португалија, Сан Марино, Словенија, Шведска и Швајцарија. Редоследот на полуфиналните настапи ќе биде објавен во март.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија