Канческа-Милевска го посети Саемот на книгата во „Матица македонска“

Од:

Богато македонско книжевно творештво и по достапни цени за сите граѓани нуди 16. Саем на книгата во  „Матица македонска“, кој денеска го посети министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Саемот ќе таре до 31 јануари.

Саемот и годинава, посочи министерката, традиционално е посветен на голем број македонски автори, што значи дека има зголемена македонска продукција односно зголемено македонско литературно творештво кое се издава од година во година. Саемот, според неа, овозможува секој ден да се има и директен контакт со одреден автор.

Истакна дека Саемот е одлична можност да се купат извонредни дела на македонски автори и да се збогати домашната библиотека. Книгата за неа, како што нагласи, претставува најголемо богатство и сите треба да се стремат книгата секогаш да им биде најголемиот пријател и достапна секогаш и секаде.

– Новите технологии се во најширок замав, но сепак, друго е да следите нешто на интернет и да читате, друго е книгата да биде пред вас и да имате можност за директен контакт со неа. Купив дела значајни за мене како социолог, дела кои ја поврзуваат социологијата со општествената образовна и културна промена, некои дела од мојата област „Култура и меморија“ на Марта Марковска, со која имав можност да се видам. Другото дело е од мојот ценет професор Петре Георгиевски. Мојата библиотека е многу голема, рече Канческа-Милевска и додаде дека ја купила и книгата „Полноќна роза“ од Лусинда Рајли и многу други дела од македонски автори.

Министерството за култура, нагласи, дава силна поддршка секоја година на годишниот конкурс.

– Многу дела од овие автори се продаваат по достапни цени. Ќе продолжиме со таа поддршка на годишно ниво, со стимулативната мерка  која ја воведовме и има позитивен исчекор. Минатата гопидна имаше голем интерес од странските издавачи кои ќе преведат многу македонски дела на друг странски јазик и ќе се најдат на странскиот пазар. И оваа година ќе продолжиме со тој конкурс и со таа стимулативна мерка, истакна Канческа-Милевска.

Појасни дека редовно прават и откупи на дела кои имаат за цел да се дистрибуираат до библиотеките во државата и да бидат достапни до сите граѓани.

– Тука се и капиталните дела кои дадоа силен исчекор и во преведувачката фела, во стручната литература, во делата кои се наоѓаат во Ѕвездите на светската книжевност и во оние завршени капитални проекти како што се „135 тома македонска книжевност“. За сите автори присутни тука и застапени во оваа едиција, е од огромна важност е што нивните дела се преведоа и на англиски јазик. Сега се работи антологискиот приказ на уште шест јазици и целта ни е исто така да ги дистрибуираме до сите светски библиотека со цел да се најдат пред светските читатели, рече Канческа-Милевска.

Укажа дека во 1987 година вкупниот приход на книгата од македонските автори бил 5 проценти, а сега тој е 85 проценти.

– Тоа значи дека навистина треба да бидеме горди на нашите македонски автори, на сето она што од година во година го создаваат и од сето она што се издава во нашата држава, додаде Канческа-Милевска.

Дејан Павлевски од „Матица македонска“ истакна дека е горд што има автори кои можат да конкурираат и да бидат рамо до рамо со светските автори.

– Од година во година имаме се повеќе читатели. Годинава радува што секојдневно гледаме се помлада публика, додаде Павлевски.

Писателот Блаже Миневски рече дека празник за секој автор е кога ќе види книгата која ја напишал и за која се залагал, да излезе пред јавноста, да почне да се продава и купува.

– Уште поголемо задоволство и среќа е кога зад еден таков проект ќе застане Владата. Македонските писатели добиваат огромен третман и кај издавачите и кај Министерството за култура. Се надевам дека таа поддршка и натаму ќе продолжи. Имаме македонски автори за кои пред 10 години беше неразбирливо да имаат по четири, пет или осум изданија на свои книги. Тоа за Македонија е навистина голем успех, додаде Миневски.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска