Екипата на ЦСКА Москва останува непоразена во „Топ 16“ фазата на кошаркарската Евролига.
ЦСКА во воведниот меч 4. коло одигран во Москва ја победи екипата на Уникаха убедливо со 101:74 и ја оствари четвртата победа во исто толку одиграни средби.
Ова беше натпревар од Ф групата во која вечерва играат и Армани Милано – Фенербахче, додека за утре закажани се натпреварите Нижи Новгород – Анадолу Ефес и Олимпијакос – Лаборал.
Двојките за оваа рунда во Е групата се: Галатасарај – Алба Берлин и Реал Мадрид – Панатинаикос (вечерва), а Жалгирис – Макаби Тел Авив и Барселона – Црвена Звезда (утре).