Пет полицајци загинаа во терористичкиот напад во Могадишу

Од:

Пет полицајци загинаа, а десетици луѓе се повредени во денешната експлозија на автомобил-бомба во главниот град на Сомалија, Могадишу.

Се истражува дали директна мета на нападот била турската делегација, која ја подготвувала утрешната посета на Сомалија на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Втора мета може да бил хотелот, каде во текот на месецот имашер средба на министритре за надворешни работи на Мешувладиниот орган за развој – регионална организацијаа на државите од Источна Африка.

Во меѓувреме, сомалиската исламистичка група Ал Шабаб ја презеде одговорноста за нападот врз хотелот.

– Ние го нападнавма хотелот и убивме некои од сомалиските полицајци, изјави портпаролот на Ал Шабаб, шеик Абдиазиз Абу Мусаб.

Во неговата изјава не е спомнат турскиот претседател.

При нападот не настрада ниту еден член на турската делегација.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија