Самоубиствен напад со автомобил бомба беше извршен на влезот на хотел во сомалиската престолнина Могадишу, каде денеска заседаваат турски претставници, ден пред посетата на турскиот претседатател Реџеп Таип Ердоган, јави БТА.
Полициски претставник соопшти дека турските делегати се безбедни во хотелот.
Експлозијата се случила надвор од зградата, а полицијата се уште ги истражува деталите за случајот, додаде тој.