ЕУ стравува од можен егзодус на Евреите од земјите во Унијата

Од:

Потпретседателот на Европската Комисија, Франс Тимерманс предупреди дека ЕУ се соочува со „голем предизвик“ во настојувањето да се уверат Евреите да не емигрираат од Европа, како последица на засилениот антисемитизам.

Според Тимерманс станува збор за прашање кое е значајно и итно за решавање исто како што е и прашањето за решавање на проблемите со еврото.

– Во некои земји-членки на ЕУ, мнозинството од Евреите на нивните територии, веќе не се сигурни дека постои иднина за нив во Унијата, рече потпретседателот на ЕК, предупредувајќи на заканата од нов еврејски егзодус.

Франција има најбројна еврејска заедница меѓу земјите во ЕУ, но само минатата година, повеќе од седум илјади Евреи ја напуштиле земјата и повеќето од нив се преселиле во Израел.

Пред две недели,четворица Евреи беа убиени во терористички напад во Париз, во еден супермаркет за кошер храна. Нивните роднини подоцна побараа од француските и од израелските власти сите четворица, наместо во Франција да бидат погребани во Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој присуствуваше во Париз на маршот низ францускиот главен град против тероризмот, како и на комеморацијата во париската синагога за убиените Евреи, предупреди на растечкиот антисемитизам во Европа и на мрачното време од пред Втората светска војна и прогоните.

Тој ги повика Евреите доколку се чувствуваат небезбедни и загрозени, да се преселат во Израел.

Потпретседателот на ЕК Тимерманс,меѓутоа,вели дека ЕУ не смее да дозволи да се случи тоа, затоа што би значело пораз на принципите врз кои се темели Унијата, а тоа е обезбедувањето надеж и перспектива за секој во европското општество.

– Ние до бесконечност можеме да зборуваме за еврото, за градењето на заеднички пазар, за стабилизационите мерки, но ништо нема да направиме, ако не обезбедиме ЕУ да биде место кое нуди иднина, подеднакво за сите, без разлика на потеклото, расата и верувањето, рече Франс Тимерманс, зборувајќи во Европската асоцијација на Евреите во Брисел.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он