Сноуден не користи „ајфон“ од безбедносни причини

Од:

Поранешниот соработник на НСА, Едвард Сноуден, не користи „ајфон“ бидејќи паметниот телефон на компанијата „Епл“ има „таен шпионски софтвер“, вели неговиот адвокат во Русија, Анатолиј Кучерена.

– Сноуден не користи „ајфон“, туку најобичен телефон. Тоа е така од безбедносни причини. Тој уред има посебен, скриен софтвер кој далечински се активира и собира податоци за корисникот – вели Кучерена.

Адвокатот додаде дека тоа е личен избор на Сноуден, но дека неговиот клиент на целата работа ѝ „пристапува особено професионално“.

„Епл“ повеќепати, заедно со другите ИТ-гиганти, е обвинуван дека ги препушта податоците за корисниците до разни разузнавачки служби, поради што компанијата соопшти дека преку оперативниот систем „иос 8“ е „невозможно“ да се стигне до заштитени податоци.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска