Светскиот боречки сојуз го призна Косово

Од:

Управниот одбор на Светскиот боречки сојуз, на седницата во сабота, го призна Боречкиот сојуз на Косово, со што Косово стана 179 членка, пренесе Макфакс.

Светскиот боречки сојуз, на синоќешната седница во Лозана, Швајцарија, донесе и неколку значајни измени на боите на боречкиот ринг и униформите на борачите и судиите.

Од таму соопштија дека се донесле повеќе измени на изгледот на натпреварувачите, рингот и судиите, кои не се променети во последните 40 години.

Жолто-црвниот ринг, кој се користи уште од Олимпијадата во Минхен 1972 година, сега ќе биде заменет со темно-сино-портокалов ринг.

Изгледот на судиите и натпреварувачите исто така е сменет. Така, судиите повеќе нема да носат костуми со врски, туку правдата ќе ја делат во маички со јака и панталони.

Натпреварувачите во следните мечеви ќе носат нешто поинакви дресови кои со својата боја треба да го привлечат вниманието на помладите генерации.

Според претседателот на Сојузот, Хамза Јерликаја, овие одлуки се многу важни, а дека борењето се враќа на патеките на славата.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина