Без победник и без постигнат гол (0:0) одиграа Емполи и Интер вечерва на првиот дуел од 19.коло во Италијанското фудбалско првенство.
Со освоениот бод Интер остана на средината на табелата со 26 бодови, Емполи се уште е на безбедно и надвор од зоната на испаѓање со 19 бодови.
На вториот саботен дуел вечерва од 20 часот и 45 минути играат Палермо и Рома.
Двојки за утрешните средби: Лацио – Наполи, Чезена – Торино, Киево – Фиорентина, Џенова – Сасуоло, Милан – Аталанта, Парма – Сампдорија, Удинезе – Каљари и Јувентус – Верона.
Табела: Јувентус 43 бодови, Рома 40, Лацио 31, Наполи 30, Сампдорија 30,…