Лидерот Челзи забележа убедлив триумф на гостувањето кај Свонси во еден од шестте досега завршени натпревари од 22. премиерлигашко коло.
Гостите за радуваа на уште четири дуели, а само Тотенхем успеа да слави на свој терен.
Постигнати резултати: Астон Вила – Ливерпул 0:2, Барнли – Кристал Палас 2:3, Лестер – Стоук 0:1, Квинс Парк Ренџерс – Манчестер Јунајтед 0:2, Свонси – Челзи 0:5 и Тотенхем – Сандерленд 2:1.
Вечерва играат Њукасл – Саутемптон.
Два натпревара се на програмата утре: Вест Хем – Хал и Манчестер Сити – Арсенал.
Колото ќе биде заокружено утре со дуелот Евертон – Вест Бромвич Албион.