Атаман со панцир го водел Галатасарај во Белград

Од:

Тренерот на кошаркарскиот клуб Галатасарај, Ергин Атаман со панцир го предводел својот тим на синоќешната победа во Белград против Црвена звезда, објавија турските медиуми.

Атаман предизвика огромен бес кај навивачите на Црвена звезда по изјавата во Истанбул дека тие се терористи, кога се случи инцидент, а животот го загуби навивачот на „црвено-белите“, Марко Ивковиќ.

Поради тоа под знак прашалник беше и доаѓањето на Атаман во Белград, но по добивањето на гаранција за неговата безбедност тој допатува и беше под строго обезбедување во преполната „Комбанк Арена“ во Белград.

Сепак, на крајот се покажа како непотребен заштитниот елек, доколку навистина го носел турскиот стручњак, бидејќи натпреварот помина без посериозен инцидент.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос