Катарскиот возач Насер Ал Атијах по втор пат во кариерата го освои трофејот на релито Дакар во конкуренција на автомобилисти.
Претходно Ал Атијах победи во 2011 година и стана седмиот повеќекратен победник на престижното рели.
Тој титулата ја обезбеди откако како трет стигна на целта во последната етапа која беше скратена на само 34 километри поради обилни врнежи од дожд.
Четириесет и четиригодишниот натпреварувач од Катар го освои бронзениот медал на Олимпијадата во Лондон 2012 година во дисциплината скит (гаѓање глинени галаби).