Нова 11-та победа во серија за екипата на Атланта во НБА лигата.
Јастребите славеа во Торонто со 110-89 со што со скор од 32-8 се најдобриот тим во Источната конференција.
Перо Антиќ одигра 16 минути во кои запиша една тројка и две загубени топки.
Најефикасен беше Ал Хорфорд со 22 поени за 25-та победа во последните 27 меча.
Последниот пораз на Антиќ и другарите беше на 26 декември од Орландо.