Делегација на Галатасарај на чело со претседателот Дујгон Јасуват и трускиот амбасадор во Србија Мехмет Кемал Бозај го посетија денеска гробот на убиениот Марко Ивковиќ во Белград.
Тие на Бежанијските гробишта пристигнаа во друштво на претседателот на КК Црвена звезда Небојша Човиќ.
Првиот човек на турскиот клуб му оддаде почит и положи венец на гробот на Ивковиќ, кој е убиен во судирите во пресрет на натрпреварот меѓу Галатасарај и Црвена звезда во Истанбул на 21 ноември минатата година.
Звезда и Галатасарај играат вечерва во 21 часот во КОМБАНК арената меч од третото коло на Топ 16 фазата од Евролигата.