Алба поразена од Реал Мадрид

Од:

Германскиот прволигаш Алба Берлин синоќа претрпе пораз во рамки на Евролигата од мадридски Реал. На средбата одиграна во Берлин, а во рамките од 3.коло на „Топ 16“ фазата Алба загуби со 61:79.

За Алба тоа беше втор пораз, додека Реал ја забележа третата победа во групата Е во која синоќа се одигра и натпреварот во Тел Авив во кој актуелниот европски шампион Макаби со 70:68 ја порази Барселона која го претрпе вториот пораз во таа фаза.

Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски, кој игра за Алба, беше на паркетот 12:32 минути. Постигна четири поени (0/2 од игра, 1/3 за три поени, 1/2 од слободните фрлања), 2 скока и 1 асистенција.

Во оваа група вечерва ќе играат, Панатинаикос – Жалгирис и Црвена звезда – Галатасарај.

Во групата Ф, синоќа се одигра само еден натпревар. Во Истанбул, Анадолу Ефес беше поразен од московска ЦСКА со 69:78.

Во таа група вечерва ќе играат: Фенербахче – Олимпијакос, Лаборал – Нижи Новгород и Уникаха – Армани Милано.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска