Турција денеска предупреди дека ќе преземе акција, доколку повторно дојде до нов напад со гранати на нејзина територија истрелани од сириска територија.
Граната истрелана од Сирија вчера падна на територија на Југоисточна Турција, оштетувајќи ги куќите и деловните објекти во пограничната област Акчакале.
Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу изјави дека Анкара за овој инцидент ги информирала ОН и НАТО.
– Сакам јавноста да знае дека имаме права кои ќе ги употребиме во случај да продолжат таквите нарушувања на нашите граници, рече Давутоглу во Њујорк каде се одржува заседанието на Генералното собрание на ОН, не изнесувајќи повеќе детали.