САД го поддржуваат правото на „Шарли ебдо“ да објавува карикатури со пророкот Мухамед

Од:

САД сметаат дека сатиричниот неделик „Шарли ебдо“ има право да објавува на првата страница карикатури на пророкот Мухамед, изјави портпаролот на Стејт департментот Мари Харф.

– Без разлика на личните мислења за ова прашање, за кое знам дека силно се разогруваат ралзични чувства, ние изразуваме апсолутна поддршка за правото на „Шарли ебдо“ за објавување на такви нешта, рече Харф како одговор на прашањето за денешниот нов број на францускиот неделник.

Тој, како што е најавено, треба да биде отпечатен во три милиони примероци и дистрибуиран во 25 земји, преведен на пет јазици, вклучувајќи ги и арапскиот и турскиот.

– Има повеќе фактори, кои се земаат предвид при донесувањето одлука за тоа што треба да се објави, слободата на говорот и верските чувства на пример. Знам колку се важни тие за многу луѓе. Но тоа не може да биде оправдание за насилство и омраза. Изразуваме апсолутна поддршка за правото за слободно објавување. Тоа е пракса во демократските земји, рече таа.

Би можело да ве интересира

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски