Новиот број на францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“ на кој работат преживеаните членови на редакцијата, ќе содржи карикатури на пророкот Мухамед, соопшти адвокатот на неделникот Ришар Малка.
На насловната страна на која ќе пишува „Се е простено“ ќе биде прикажана карикатура на Мухамед кој држи натпис на кој стои „Јас сум Шарли“.
Малка изјави дека во новиот број пророкот Мухамед повторно ќе биде мета на хуморот, со цел да покажат дека редакцијата ниту еден милиметар нема да попушти пред екстремистите кои се обидуваат да ја замолчат.
Е. Г.